Владата ќе одлучува за новите рестриктивни мерки
Комисијата за заразни болести предлага мерките да стапат во сила на 18-ти декември и да траат до 21-ви јануари. Се предлага да нема собири на јавни места, прослави во фирми, групни забави во домовите...

Непосредно пред претстојните празници, Владата ќе одлучува за нови рестриктивни мерки. Со нив, се скратува работното време на угоститителските објекти, наместо до 21, да работат до 18 часот.
Комисијата за заразни болести предлага мерките да стапат во сила на 18-ти декември и да траат до 21-ви јануари. Се предлага да нема собири на јавни места, прослави во фирми, групни забави во домовите. Граѓаните да не излегуваат од домовите по 18 часот доколку немаат потреба за тоа.
Бројката на заразени од почетокот на пандемијата надмина 73 илјади, додека бројот на активни случаи изнесува 21.658. За едно деноноќие се регистрирани 213 нови случаи на Ковид-19. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирање. Институтот за јавно здравје регистрира и 632 оздравени пациенти. Починати се 26 лицаод нив, двајца се починати вон, а другите во болнички услови.
