Запленета дрога, приведен дилер во Скопје
15.12.2020 10:53
Вчера на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана...

Вчера на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана, односно поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
