Шефот на дипломатијата Османи во посета на Чешка

15.12.2020 11:13

Ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Томаш Петжичек, како и со Милена Хрдинкова, државен секретар за ЕУ прашања во канцеларијата на премиерот, Андреј Бабиш.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во дипломатска турнеја ќе бара поддршка за македонските евроинтрегации.

Мисијата ја почнува од Чешка. Ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Томаш Петжичек, како и со Милена Хрдинкова, државен секретар за ЕУ прашања во канцеларијата на премиерот, Андреј Бабиш.

Утре османи заминува за Романија, а оттаму во Унгарија.