КОВИД-19

Од утре најстроги рестрикции во Лондон и околината

15.12.2020 11:51

Британското Министерство за здравство предупреди дека причина за тоа е веројатно нова варијанта на коронавирусот, која според првичните анализи, се ширела побрзо од постојните видови.

Од утре во Лондон и околните области се воведуваат најстрогите рестрикции за Ковид-19 поради зголемениот број заболени. Британското Министерство за здравство предупреди дека причина за тоа е веројатно нова варијанта на коронавирусот, која според првичните анализи, се ширела побрзо од постојните видови.

Во последната седмица беше регистриран драстичен раст во Кент и Есекс. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан од владата бара дополнителна финансиска помош за угостителите кои, според него, ќе се соочат со огромни загуби.