Филипче: Ризично е угостителите да работат по 18 часот

15.12.2020 12:41

Новите мерки со кои би се ограничило работењето на угостителските објекти до 18 часот, според Филипче, се доволни во предновогодишниот и новогодишниот период. Сегашните мерки, како што посочи, даваат резултат, а доказ за тоа е стабилизирањето на бројот на новодијагностицирани...

Наспроти претстојните празници, Владата ќе одлучува за нови рестриктивни мерки. Скратување на работното време на угоститителските објекти до 18 часот, да нема собири на јавни места, прослави во фирми, групни забави во домовите- предлог на Комисијата за заразни болести. Треба да стапат во сила на 18-ти декември и да траат еден месец.

Новите мерки со кои би се ограничило работењето на угостителските објекти до 18 часот, според Филипче, се доволни во предновогодишниот и новогодишниот период. Сегашните мерки, како што посочи, даваат резултат, а доказ за тоа е стабилизирањето на бројот на новодијагностицирани и падот на факторот на преносливост на 0,95.

Овие мерки даваат резултат, но сепак стравуваме заради новогодишната атмосфера и можноста да се групираат луѓето, а угостителските објекти се места каде тоа се прави, епидемиолошката ситуација да може се влоши. Сметаме дека ова е сосем доволно затоа што и сегашните мерки даваат резултат. Иако даваат резултати, сепак ситуацијата е сеуште критична, се уште има голема бројка на пациенти и не смееме да дозволиме никакво опуштање. Даваме дополнителна рестрикција која сметаме дека сега е сосем доволна, нагласи Филипче.

Во однос на епидемилошката состојба, Филипче информира дека се стабилизира бројот на новодијагностицирани и оти во изминатиот период има прилично еднаков број на слободни болнички кревети.