ВМРО- ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели

15.12.2020 13:19

Според нив, треба да се објави за кое време се планира да се постигнат тие цели, во спротивно, се што прави Комисијата, е само маркетинг.

Кога веќе објавуваат мерки, потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради коишто ги предлага мерките, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, треба да се објави за кое време се планира да се постигнат тие цели, во спротивно, се што прави Комисијата, е само маркетинг.

Од партијата преку соопштение оценуваат дека новиот пакет мерки, што денеска владата ќе ги разгледува на седница, се во стилот „после свадба тапани“. Порачаа дека е време за одговорност и за оставки.