Како да се заштитат археолошките локалитети?

16.03.2014 13:31

Кој е надлежен да ги штити илјадниците локалитети во земјава. Нашите истражувања покажаа – државата, но и музеите, заводите и локалните заедници. Според археолозите, ни недостигаат проекти за нивна економска одржливост и атрактивно претставување...

Со стражари, полиција, месно население. Како и кој ги штити  близу 5.000 локалитети во земјава? За археолозите  битни се два сегмента .

„Првото ниво е обезбедувањето на режим на физичка заштита кое произлегува од процесот на ревалоризација за определување на постапка на физичка заштита. Второто ниво кое е покомплексно станува збор за туристичка или културна екслоатација“, вели Бранко Ристески, архелог, научен советник.

Само неколку локалитети во земјава меѓу нив охридските, Хераклеа, Скупи имаат физичка заштита. Од Управата за заштита на културното наследство се децидни: државата штити  со валоризацијата на тоа наследство, а музеите, заводите и локалните заедници се надлежни за физичкото аспект.

Месното население и полицијата се покажале како пресудни во заштитата. На овој начин се надгледуваат преку 150 локалитети во прилепско.

„Најмногу се потпираме на локалното население. Во мариово каде многу ретко е населението, соработката со полицијата е на завидно ниво Гордана Данилоска Спироска, директор на Завод и Музеј -Прилеп.

Добредојдени се меѓународните проекти. Со години италијанската амбасада  финансирала во Хераклеа и Скупи.

„Ќе доаѓаат и такви други понуди и можности кога Министерството за култура и Стибера ќе ја стави во ранкогот на тие локалитети“, вели Гордана Данилоска Спироска.

Агенциите и полицијата се соодветни чувари. Но, недостасуваат проекти за атрактивно претставување на локалитетите.

„Било кој модалитет да се одбере, во основата се наоѓа обезбедувањето на материјални средства, односно облик на одржлив развиток на еден пункт“, објаснува Бранко Ристески.

Управата ќе почне обемен зафат - археолошки катастар на локалитетите.

 

Елизабета Митреска