Собрание

Јавна расправа за Предлог- законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

15.12.2020 14:33

Во Собранието расправа за Предлог- законот за заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Според Министерството за труд и социјална политика, ова е една од реформите за нашиот пристап кон европското семејство. Предложеното решение треба да овозможи воспоставување на стандардизирана мрежа од институции, кои ќе гарантираат сет на услуги во оваа насока...

„Закон што нуди мултидициплинарен, институционален и општествен одговор на сите форми на насилството“, вака министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го нарече предложеното решение кое се најде на јавна расправа во Собранието.

Обезбедување доволно финансиски средства кои ќе бидат наменети за воспоставување специјализирани сервиси за советување, дефинирање на секоја ранлива категорија, итност во постапувањето- граѓанските организации бараат законот да не остане само на хартија.

Според министерот за внатрешни работи Спасовски предложеното законско решение треба да овозможи воспоставување на стандардизирана мрежа од институции кои ќе гарантираат сет на услуги за заштита од семејното насилство.

Меѓу препораките, да се преиспита составот на Националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на Советот на Европа, кој би бил составен од стручни лица.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска