Владата ги прифати препораките, угостителските објекти ќе работат до 18 часот
Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки и препораки за периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19...

Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, ќе има забрани за организирање забави на отворен и затворен простор. Од 18-ти декември нови рестриктивни мерки за да се избегне зголемување на бројот на заболени и нови клатсери за време на престојните празници. Владата ги прифатите препораките на Комисијата за заразни болести.
„Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни забави на отворен и затворен простор, а имаме и јасни препораки до верските заедници, до работните организации, до општините и до рестораните во хотелските објекти“, соопшти премиерот Заев на денешната прес- конференција.
Целта на оваа мерка е да издржиме сите уште малку пред ваквите рестрикции и да не дозволиме заради празнување да предизвикаме ескалации. Мерката носи име „Празнувај одговорно“ a целта е заштита од Ковид-19 во предвечерието на вакцинација, порача Заев.
