Чешка ќе продолжи со поддршката на земјава за ЕУ
Сѐ уште има простор да се корегира пропустот поради неуспехот на меѓувладината конференција, можно е компромисно решение, оцени шефот на чешката дипоматија Петжичек по средбата со македонскиот министер за надворешни работи. Османи порача- Брисел е пред тест, дали ќе дозволи билатеризација на преговарачкиот процес или ќе се спротивстави и ќе нѐ поддржи...

Брисел е пред тест дали ќе дозволи билатерализација на преговарачкиот процес или ќе опстои на спротивставувањето на ваквите обиди и ќе не поддржи, порача од Прага министерот за надворешни работи Османи. Заблагодарувајќи им се на земјите- членки на Европската унија кои се за принципот против условувањето на проширувањето поради билатерални односи, Османи посочи дека после неуспехот на Европскиот совет да го усогласи текстот на преговарачката рамка, пред амбасадорите се исправа одлуката дали ќе ги занемарат или ќе ги вреднуваат постигнувањата на нашата земја или ќе се стават зад билатералниот спор со Бугарија. Османи со уверување, Северна Македонија може да ги спроведува двата процеса паралелно и на билатерално и на евроинтеграциско ниво.
Неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Чешка, Петжичек, повтори дека сѐ уште има простор да се стори нешто за да се корегира пропустот поради неуспехот на меѓувладината конференција. Можно е компромисно решение, а ние со нашите колеги Германци стоиме на располагање за да го споделиме нашето искуство од ’89- та година, кога решававме болни прашања, додаде Петжичек.
Министрите Османи и Петжичек разменија мислења и за други прашања од интерес за регионот и на меѓународната сцена. Чешка е една од дестинациите на дипломатската турнеја на Османи. Ќе ги посети и Романија, Унгарија и Австрија.
Фиљана Кока
