Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, забрана за прослави до 20-ти јануари
Угостителските објекти ќе затвораат во 18 часот, забрани за организирање прослави, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести. Под мотото „Празнувај одговорно“, од петок се воведуваат нови рестриктивни мерки за да се спречи ширење на заразата...

Угостителсите објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21, се забрануваат и групирањата. Во пресрет на Нова година и празниците, Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести. Оценето дека вакви мерки, кои ќе бидат на сила еден месец, биле неопходни поради тоа што периодов доаѓа најголемиот ризик за ширење на заразата. Препораки и до верските заедници да не повикуваат на масовни собирања.
Дел од препораките се да нема собирања во домовите и во викендиците. На приватен имот не може да се наметне забрана, бидејќи интегритетот на домот е загарантиран со Устав, но надлежните апелирааат на одговорно однесување.
Властите велат, мерките не се популарни, но се во интерес на здравјето. Премирот Заев им порача на функционерите да бидат пример за граѓаните, празниците да ги поминат во домашна атмосфера.
Андријана Атанасовска
