Музиката е уметност, забава, задоволство и лек за умот и телото

15.12.2020 16:35

Музиката релаксира и го намалува стресот, кој е извор на многу болести. Музиката го подобрува здравјето на срцето.

Mилиони луѓе го започнуваат и завршуваат денот со музика. Музиката е насекаде, сите ја почувствувале, но малкумина знаат колкава е нејзината моќ. Многубројни истражувања докажуваат дека музиката, нè развеселува и го подобрува нашето расположение, но и на многу начини може да придонесе за подобрување на физичкото и психичкото здравје.

Музиката релаксира и го намалува стресот, кој е извор на многу болести. Музиката го подобрува здравјето на срцето.

Релаксирачката музика го намалува крвниот притисок и го забавува ритамот на срцето, а со тоа се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Од друга страна, познато е дека „радосната“ музика го подобрува функционирањето на крвните садови.

Истражувањата покажуваат дека музичката терапија им помага на луѓето кои се лекуваат од рак подобро да се справат со симптомите при хемотерапија и зрачење.

Музиката е една од малкуте активности што го активира, стимулира и го користи секој дел од нашиот мозок, на пример, поттикнува полесно учење на странски јазик, ги подобрува меморијата и фокусот и помага во физичкиот развој и координација.

Докажано е дека музиката има позитивно ефекти во ублажувањето на болката. Терапијата со музика сè почесто се практикува како замена за медикаменти при и после пораѓање. Докажано е дека терапијата со музика ја намалува болката која што се појавува од многубројни заболувања и состојби, меѓу кои кај остеоартритисот, ревматоидниот артритис , помага во лекувањето на депресијата.

Музиката го стимулира излачувањето на ендорфинот, хормон којшто ја намалува болката, а особено бавната музика опушта и го релаксира телото, притоа забавувајќи го дишењето и срцебиењето.

 

Музиката го намалува крвниот притисок го одржува здравјето на срцето

Релаксирачките звуци помагаат во намалување на високиот притисок и негово одржување во границите на нормалата, особено со секојдневно 30 минути слушање класична музика.

Научниците објаснуваат дека активното свирење на било кој музички инструмент и пеењето може да создадат позитивно и длабоко емоционално искуство, што поттикнува излачување на хормоните што го зајакнуваат имунитетот на организмот. Свирењето на инструмент и пеењето, исто така придонесуваат и во намалувањето на „хормонот на стресот“ – кортизол.

Музиката го подобрува спиењето и помага во лекувањето на несоницата

Музика ги релаксира мускулите и го отргнува вниманието од мислите пред заспивање ја намалува анксиозноста што помага за полесно заспивање.

Музиката ја активира функцијата на сите делови на мозокот, вклучувајќи ги и моторниот, аудиторниот и лимбичкиот систем. Со ова се потврдува и нејзиното позитивно влијание на усовршување на когнитивните вештини, а меѓу другото и на просторните и математичките вештини. Феноменот наречен „Моцартов ефект“ е еден веродостоен доказ дека слушањето класична музика, исклучиво Моцарт, може да ги зголеми добрите резултати на когнитивни тестови. Всушност, едно истражување докажува дека слушањето на било која музика во којашто уживаме има позитивни ефекти на когнитивните вештини.

Музиката мотивира и ја подобрува физичката активност. Познатиот музичар Џими Хендрикс рекол дека „Доколку нешто треба да се промени во светот, тоа би можело да се направи само преку музиката“.

Соња Стојановска