Документарен филм за Цар Самоил, утре премиерно на МРТ1

16.03.2014 14:15

Во текот на неговото владеење Македонското царство прераснало во најмоќна држава на Балканот, силен противник на Византиското царство...

Утре на првиот програмски сервис на МРТ со почеток од 17 часот и 45 минути премиерно ќе се прикаже документартниот филм за животот и делото на најзначајата личност од средновековната македонска историја, Цар Самоил.

Ликот на Цар Самоил останал во колективната светст на македонскиот народ. Историографски е идентификуван и афирмиран.

Цар Самоил е личност со високи политички, дипломатски и воени доблест- цар, владетел, народен водач и војсководец. Во текот на неговото владеење Македонското царство прераснало во најмоќна држава на Балканот, силен противник на Византиското царство.

Во битката која се одиграла на 29 јули 1014 година под Беласица, византискиот цар Василиј Втори целосно ја поразил војската на Самоил, заробувајќи 15.000 војници.

Тој наредил да бидат ослепени сите заробени војници, а на секој стоти да му биде оставено по едно око за да ги води другите кај цар Самоил.

Трагичната глетка на своите ослепени војници била претешка за цар Самоил кој претрпел срцев удар и починал истата година.