Во Брисел последни обиди да се тргне бугарското вето

16.12.2020 10:26

Денешниот состанок на амбасадорите на земјите- членки на Европската унија е закажан по иницијатива на Германија, која за последен пат од своето претседавање со Унијата повторно го става на маса прашањето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со Унијата.

Во Брисел последни обиди да се тргне бугарското вето до крајот на годината. Денешниот состанок на амбасадорите на земјите- членки на Европската унија е закажан по иницијатива на Германија, која за последен пат од своето претседавање со Унијата повторно го става на маса прашањето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со Унијата.

Во Брисел заминува и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров. И министерот за надворешни Османи во дипломатска офанзива. По вчерашната посета на Чешка, денеска е во Романија, по што следува Унгарија.

По завршувањето на овие работни посети, Османи на 21-ви декември ќе отпатува за Виена каде ќе ја заокружи мини-турнејата.