Рекордни 4,3 милиони заразени со Ковид-19 во светот за една недела
Според податоците на глобалните организации, во светот во периодот од 7-ми до 13-ти декември биле регистрирани над 4 милиони и 300 илјади нови случаи и повеќе од 75 илјади смртни случаи.

Во изминатата недела во светот се регистрирани повеќе од 4,3 милиони нови случаи на Ковид-19, најмногу во текот на една седмица од почетокот на пандемијата.
Според податоците на глобалните организации, во светот во периодот од 7-ми до 13-ти декември биле регистрирани над 4 милиони и 300 илјади нови случаи и повеќе од 75 илјади смртни случаи.
СЗО наведува дека во Америка и Европа се регистрирани речиси 85 проценти од новите случаи на заразени и починати. Ширењето на инфекцијата се интензивира во Африка, додека во Југоисточна Азија бројот на новозаболени постојано се намалува.
Инфекцијата брзо се шири низ Обединетото Кралство, во Италија и во Франција. Голем број новозаразени има и во Украина, во Полска и во Германија која бележи и најголем број смртни случаи за едно деноноќие.
Нов Зеланд, пак, е единствената земја во светот која досега целосно го елиминирала коронавирусот. Земјата со пет милиони жители бележи само 25 смртни случаи кај пациенти со ковид и вкупно 2.100 заразени.
