Заострени мерки во Европа пред празниците
16.12.2020 10:57
Франција воведе полициски час што ќе важи и за новогодишните празници...

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Холандија и Велика Британија, ги засилија мерките против пандемијата поради страв од брзо зголемување на инфицираните со коронавирус во текот на претстојните празници.
Франција воведе полициски час што ќе важи и за новогодишните празници. Словенија ги укинува рестриктивните мерки до 23 декември. Од денеска повторно функционира јавниот сообраќај, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.
