Бектеши: Се размислува за дополнителни мерки за поддршка на угостителскиот сектор
Се прават анализи за нови мерки и поддршка за погодените сектори од ковид кризата и во наредната година, информираат од Министерството за економија. Посочуваат дека сите угостителски објекти мора да ги почитуваат најновите одлуки на Владата.

Се прават анализи за нови мерки и поддршка за погодените сектори од ковид кризата и во наредната година, информираат од Министерството за економија. Посочуваат дека сите угостителски објекти мора да ги почитуваат најновите одлуки на Владата.
„Веќе почнуваме да правиме дополнителни анализи колку оваа мерка би траела и дали би имало потреба да се продолжи или не. Секако дека на почетокот на следната година ќе размислиме за дополнителни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на угостителскиот сектор, имајќи предвид дека тоа сме го правеле и претходно со сите дејности кои со одлука на Влада биле затворени или им било скратено работното време“, изјави министерот Бектеши.
Најновата одлука на Владата за скратено работно време, како што посочи, ќе важи и за угостителските објекти во склоп на казината и обложувалниците.
„Сите угостителски објекти во склоп на казината, обложувачниците и на автомат клубовите не ќе можат да работат согласно последната одлука донесена од Владата. Во секој објект каде се служи храна, пијалоци и слично, треба да се почитува оваа мерка која важи за сите“, рече Бектеши.
Засега, според Бектеши, не се размислува за поригорозни мерки во други дејности.
Компаниите ќе добијат 31 милион евра финансиска поддршка од кредитната линија од Европската унија како дел од четвртиот пакет мерки од Ковид- 19. Од Развојната банка велат дека интересот е за осумпати поголем од предвидените средства.
