Навални: Знам кој сакаше да ме убие
16.12.2020 12:29
Шестмина агенти директно ја спровеле акцијата и уште двајца што ја воделе операцијата...

Најмалку осум руски тајни агенти учествувале во труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, објавија медиумите кои учествувале во обемното истражување.
Според нив, шестмина агенти директно ја спровеле акцијата и уште двајца што ја воделе операцијата.
Навални сѐ уште е во Германија и во моментов е на рехабилитација. По закрепнувањето, како што најави, сака да се врати во Русија. Кремљ негира каква било вмешаност во случајот.
