Европа

Заострени мерки против Ковид-19 пред празниците

16.12.2020 13:47

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Холандија и Велика Британија, ги засилија мерките против пандемијата поради страв од брзо зголемување на инфицираните со коронавирус во текот на претстојните празници.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Холандија и Велика Британија, ги засилија мерките против пандемијата поради страв од брзо зголемување на инфицираните со коронавирус во текот на претстојните празници.

Имаме многу резервации. Многу луѓе сметаа на нас за божикните вечери. Сега тоа нема да се случи. Целиот персонал, сите што работевме напорно за сето ова сите сме уништени.“

Многу е емотивно и има многу солзи кога не знаете кога ќе се вратите повторно. Тешко е пред Божик. Никој од нас не сака ова да се случува, и изгледа како тежок удар пред празниците.“

Франција воведе полициски час што ќе важи и за новогодишните празници..

Затворени сме речиси цела година, па дури и да е златен кафез по некое време почнува да стега. Покомплицирано е од психолошка точка.“

Словенија ги укинува рестриктивните мерки до 23 декември. Од денеска повторно функционира јавниот сообраќај, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.

Лејен: Побрзо да почнеме со истребувањето на вирусот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, објави дека во текот на следната недела во ЕУ ќе биде одобрена првата вакцина против Ковид-19 и дека вакцинацијата ќе почне веднаш и истовремено во сите земји членки. Истакна дека за да заврши пандемијата, Унијата купила повеќе од доволно вакцини за секого во Европа.

Европската агенција за лекови објави дека првата проценка на вакцината против Ковид-19 ќе ја објави на 21-ви декември.

 

Марина Ристова