Ковид- криза

Се прават анализи за нови мерки за поддршка на најпогодените сектори

16.12.2020 15:37

За компаниите финансиска поддршка од 31 милион евра од кредитната линија на Европската унија, како дел од пакетот мерки „Ковид-4“. Интересот осумпати поголем од предвидените средства. Во министерството за економија се прават анализи за нови мерки и поддршка за најпогодените сектори...

Се прават анализи за нови мерки и поддршка за погодените сектори од ковид- кризата и за наредната година, велат од Министерството за економија. Според ресорниот министер Бектеши, поддршката за угостителите ќе продолжи, но дециден е, угостителските објекти мора да ги почитуваат најновите одлуки на Владата. Посочува дека нема да биде дозволен дочек на Нова година во казината и во обложувачниците.

31 милион евра ќе добијат команиите од кредитната линија на ЕУ. Финансиската поддршка е дел од пакетот ковид- мерки. Аплицирањето ќе трае во наредните две недели. Според првиот човек на Развојната банка, Наумов уште на почетокот има огромен интерес и за осумпати поголем број на апликации.

Компаниите ќе можат да добијат од 3 илјади до 15 илјади евра бескаматни кредити. Грант компонента ќе добијат занаетчии, фирми основани од жени и компании кои работат на проекти за зелена економија, дигитализација. Според Наумов, целта е компаниите да ја зголемат ликвидноста и да ја подобрат конкурентноста.

 

Дијана Ценевска