Собраниска расправа за Предлог- буџетот за 2021 година

16.12.2020 16:55

Расправа на пленарка за Предлог- буџетот за идната година. Голем дел од средствата, наменети за санирање на последиците од корона-кризата. Државната каса за 2021 е неразвојна, став на ВМРО-ДПМНЕ...

Буџетот е фокусиран на добро менаџирање на јавните трошоци за да се одговори на секој предизвик кој што ќе доаѓа од ковид-пандемијата, министерот за финансии Бесими за предлог-државната каса за 2021 година која е на пленарна седница. Од 528 поднесени амандмани дополнет е со 18. Приоритет е здравјето на граѓаните и поголемиот економски раст.

Имаме влада без стратегија, не значи дека проблемите во 2021 година ќе изостанат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија со став - овој буџет нема да донесе проекти кои ќе имаат позитивен ефект врз економијата на среден и долг рок. Според СДСМ, државната каса е избалансирана и со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, поддршка на започнатите реформи.

Приходите за државната каса за в година се планирани на 212,6 милијарди денари, расходите на 247,5 милијарди денари. Предвиден е раст на економијата од 4,1 процент, а буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9 проценти. Капиталните инвестиции се во износ од 23 милијарди денари.

За прв пат Предлог-буџетот е пропратен со петгодишна стратегија за економско заздравување и забрзан раст. Општата расправа за државната каса за в година треба да трае најмногу 5 дена.

 

Сунчица Николоска