Отчет: За три години реализирани 1.009 проекти
Со 1009 реализирани проекти владејачката ВМРО-ДПМНЕ го заокружува тригодишниот мандат. Без крупни и стратешки грешки, по практиката на модерните демократии, партијата излезе со отчет за сработеното. Економскиот просперитет на државата и добрата социјална политика – фокус на досега стработеното...

Од 1376 проекти , кои биле на хартија пред три години, во практиката не се отелотворени само 38 поради скратениот мандат. Партискиот лидер и актуелен премиер Никола Груевски во нова изборна трка ќе влезе со како што вели, чист образ, без крупни стратешки грешки и со многу дела зад себе. Ерата на капиталните инвестиции, вели Груевски, ја одбележува изградбата на три автопатски делници и модерен клинички центар.
„Со одржување на умерен буџетски дефицит и внимателно земање на кредити за приоритетните инфраструтктуирни промени, успеавме Македонија да остане земја со умерено и одржливо ниво на долг, што е значајно за перцепцијата на инвеститорите, но и за идните генерации. На крајот на февруари долгот на државата кон стопанството беше сведен на нула, со што целосно го исполнивме ветувањето на владата кон бизнис заедницата. Со тоа Македонија е една од ретките земји од регионот која се раздолжи кон стопанството што беше потврдено и од ММФ и од Светската банка“, рече Груевски.
Во услови кога во земјите од опкружувањето работници се отпуштаа, во Македонија се креирани безмалку 120 илјади работни места, со што навработеноста се намали, рече Груевски, на 28,6%. Просечната пензија е зголемена за 62, а социјалната помош за 47%. Исплатени се 550 милиони евра субвенции за земјоделците, а со закон се обешететени и 6.000 стечајни работници.
„Најважен фактор во одговорноста е дадениот збор. Ние стоиме зад нашиот збор, зад секое едно ветување. Кога за прв пат настапивме на ваков начин на изборите во 2006-тата покажавме еден нов стандард во политиката. Понудивме конкретна програма, со конкретни рокови, конкретни чекори и конкретен буџет за реализација. Секој еден граѓанин може да се пронајде во барем еден проект, најмалку еден проект. А во најголем број случаи во многу повеќе проекти од еден. Опозицијата во Македонија, ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави барем еден единствен проект кој што го направивме во овие години. И не само што немаат сила да кажат добар збор за ниту еден наш проект, тие за се што ќе направиме, без разлика колку е квалитетно и на колку луѓе директно ќе помогне, тие критикуваат и со гнев напаѓаат“, нагласи Груевски.
Со субвенционирани кредити е решено станбеното прашање на илијадници граѓани, доделени се стипендии за студентите, бесплатен превоз и книги за учениците. Преведени се 874 од 1000 стручни и научни книги, и обезбедени 80 нови лаборатории. Милиони евра се инвестирани во модерна медицинска опрема и реновирање на болниците.
Анита Димитријевска
