Аметист-камен на духовното прочистување
Поради својата виолетова боја аметистот е еден од најпопуларните минерали. Аристотел го користел како средство за лекување од алкохолизам. Во средниот век бил омилен кај црковните лица. Ако се наоѓал на прстените на бискупите значело духовно прочистување.

Поради својата виолетова боја аметистот е еден од најпопуларните минерали. Аристотел го користел како средство за лекување од алкохолизам. Во средниот век бил омилен кај црковните лица. Ако се наоѓал на прстените на бискупите значело духовно прочистување.
Аметистот во прв ред е камен на духовното прочистување, на мудроста и на медитацијата. Тој е симбол на промените затоа што ги отвора тајните на животот, помагајќи ни да го сфатиме значењето на соништата и визиите, го обогатува погледот на иднината. Во христијанскиот свет е симбол на внатрешна чистота, невиност, покорност и вртење од материјалното кон духовното.
Се смета дека аметистот е мост меѓу земјата и небото, духот и душата. Тој е камен на прочистувањето. Ја буди решителноста за отфрлувањето на старите навики кои не кочат во духовниот и душевниот развој. Го поддржува создавањето на нови идеи и дава мотивација за нивен развој. Се смета дека го намалува стравот и бесот, соединува различни енергии, а притоа и ги хармонизира. Се верува дека развива дури и телепатски способности. Тој е добар кристал за медитација. Ги отстранува немирите и го подобрува сонот. Го поттикнува чувството на среќа и така ги олеснува болките, чувството на жал, а се користи и за заштита при патување.
Аметистот се користи и како терапевтско средство, затоа што делува кај сите физички, емотивни и душевни болести. Кога се наоѓа на срцевата чакра носи љубов и го намалува стравот од иднината и од смртта. Се препорачува за отстранување нервоза, хистерија и на халуцинации. Ако се стави на сакралната чакра лекува од зависности и ги ублажува нападите на насилно однесување. За лекување мигрена се положува на предлот на третото око и се масираат слепоочниците , челото и тилот. Го поткрева нискиот крвен притисок, помага кај шеќерната болест, како и кај пореметувањето на координацијата на движењето. На децата им помага при совладување на лошото однесување и нападите на бес. Најголеми наоѓалишта на аметист има во Сибир, Шри Ланка, Бразил и Азија. Неговата вредност е високо на листата на полускапоцени камења. Во сите цивилизации и култури се смета дека го лекува умот и го подобрува имунитетот и затоа е многу застапен и се користи како накит во сите облици, како и за терапевтски цели.
Соња Стојановска
