„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД
Твитер ќе ги брише лажните информации за вакцината...

Американските власти предупредија дека во првите денови од употребата на вакцината на „Фајзер“ биле забележани неочекувани проблеми, вклучувајќи ги и вакцините кои биле чувани на прениски температури.
Според американското министерство за здравство, компанијата се соочила со проблем и во производствениот процес. Слично како во Британија, и на Алјаска е регистрирана алергиска реакција кај лице кое примило вакцина против ковид-19.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и актуелниот потпретседател Мајк Пенс најавија дека наскоро ќе се имунизираат. Шефот на Белата куќа Доналд Трамп засега без коментар.
Компанијата „Твитер“ ќе бара од своите корисници да ги бришат објавите во кои се наведуваат лажни или погрешни тврдења за вакцината. Идниот месец, меѓународен тим од СЗО оди во Кина за утврдување на потеклото на вирусот.
