Одобрен седумгодишниот буџет на ЕУ
17.12.2020 10:44
Заедно со инструментот од 750 милијарди евра за обновување на економијата од последиците од пандемијата, вкупниот пакет достигнува сума од 1,824 милијарди евра.

Европскиот парламент го одобри седумгодишниот буџет на ЕУ што треба да почне да функционира на 1 јануари. Заедно со инструментот од 750 милијарди евра за обновување на економијата од последиците од пандемијата, вкупниот пакет достигнува сума од 1,824 милијарди евра.
Советот сега ќе треба формално да ја усвои повеќегодишната финансиска рамка за финансирањето за наредните седум години во сите области на трошење на ЕУ.
Претседателот на Европарламентот, Давид Сасоли во овој план гледа излез од драматичната криза и почеток на една позелена и поправедна Европа.
