Катар го слави Националниот ден, континуирано расте соработката со земјава

18.12.2020 10:01

Од воспоставувањето билатерални односи меѓу Катар и Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа и потпишаа голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите...

Државата Катар го слави својот Национален ден на 18-ти декември, секоја година. Со пристапувањето на шеикот Џасим бин Мохамед бин Тани на власт, кој успеа да ја обедини својата татковина во 1878 година и ги постави темелите на модерна држава, Катар стана единствена, сплотена и независна држава. Националниот ден ги слави припадноста и лојалноста кон татковината, и ги прикажува солидарноста, единството и гордоста кон националниот идентитет на државата Катар.

Од воспоставувањето билатерални односи меѓу Катар и Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа и потпишаа голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување  и зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства.

Катар, држава со една од најсилните економии, рангирана е на врвот меѓу најбогатите земји во светот. Тоа му овозможува да ги прошири своите развојни планови и инвестициски потенцијали во индустриските и економските домени и во научно-истражувачките дејности, како во земјата, така и во странство. Високите приходи се користат во масовни развојни мега проекти, од инфраструктура до поддршка на индустријата, странски инвестиции и приватен сектор.

Туризмот во Катар се смета за силен придонесувач во економијата и претставува вистинска манифестација на модернизацијата на државата. Спортот е во водство со меѓународни настани кои се движат од трки со коњи и камили, до брзо возење со чамци и бродови. Катар, исто така, ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал ФИФА 2022, а воедно и прва арапска земја што го организира настанот.

Следејќи ја Националната визија 2030 година, Катар дејствува како активна и одговорна членка во меѓународната заедница и придонесува кон одржување на меѓународниот мир и безбедност преку политички, економски, развојни и хуманитарни иницијативи.