РУСИЈА
Обраќање на Путин на годишната конференција
17.12.2020 12:07
Најдолгата конференција се случи во 2008-ма година во времетраење од речиси пет часа...
Традиционалната прес-конференција која се одржува на крајот на секоја година на рускиот претседател Владимир Путин, поради протоколите за ковид-19, овој пат добива видеоформат.
За настанот се акредитирани 774 новинари, а главниот руски канал резервираше три часа за пренос во живо.
Првата конференција беше одржана во 2001 година. Најдолгата се случи седум години подоцна и траеше 4 часа и 40 минути.
Поради големиот интерес за говорот на рускиот претседател и оваа година е обезбеден симултан превод на англиски, француски и на германски јазик.
