Се поставува модуларната болница во Штип

17.12.2020 12:18

Почна да се поставува монтажната болница за третман на пациенти со Ковид-19 во Клиничката болница во Штип. И во другите градови одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата, онаму кадешто дефиниравме дека е приоритет. Штип е еден од градовите заедно со Гевгелија, Кичево, Струга. Понатаму, следуваат Струмица и Куманово. Ова е еден модел кој го правиме со помош на Светската банка, која уште на почетокот на кризата излезе во пресрет и со значајна финансиска поддршка ни помогна да го реализираме проектот“, нагласи Филипче.

Модуларните болници се опремени со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни дигитални рентген апарати, ЕХО апарати. Инфективните одделенија насекаде во развиените земји, во развиените болници се физички одделени од останатиот болнички капацитет се со цел останатите други оддели да останат целосно чисти.