Филипче: По 30 илјади денари за 7.600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти

17.12.2020 12:24

7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари, информираше министерот за здравство Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип.

„За новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, изјави министерот Филипче.

Нагласи дека продолжуваат инвестициите во инфраструктура, медицинска опрема, како и во здравствените работници со зголемувањето на платите.