Сточарите задоволни од откупната цена на јагнешкото месо

17.12.2020 12:33

Сточарите се задволни од откупните цени на јагнешко месо. Килограм се плаќа и до 180 денари, износ со кој одгледувачите можат да ги покријат трошоците, но како што велат, не и да ги решат проблемите поради кои во земјава постојано опаѓа производството на јагнешко месо...

Идриз Камбери веќе неколку децении се занимава со сточарство. До пред некоја година имаше над 400 грла овци, но поради проблемите во оваа дејност сите ги продал. Сега работи кај друг сточар, но и таму не е сјајна работата.

Камбери ја поздравува повисоката откупна цена на јагнешкото, која малку ќе ја освежи гранката, но нема да ја врати на старите патеки како во минатото.

Од Здружението на овчари, велат дека ниските субвенции и доцнење на истите, се меѓу поглавните проблеми поради кои сточарството во Македонија изумира.

Со децении во државата сѐ се поскапува само производите од овчарското стопанство имаат иста цена. За сточарите малку се води грижа. Одлуката на Албанија да забрани транспорт на овци низ нејзина територија поради болеста Син јазик, стави финансики капак на сточарите. Забраната треба да се острани.

Во деведесетите во Македонија имаше 2 милиони овци сега се едвај 400.000. Од оваа дејност полека сите се откажуваат, како и Камбери, а голем дел од сточарите чуваат овци како што велат колку се себе.   

 

Зоран Димовски