Тутунарите продолжуваат со протести и блокада на Плетвар
Пелагониските тутунари ги продолжија протестите со повеќечасовна блокада на Плетвар. Велат, не отстапуваат од барањата за реален откуп и писмени гаранции. Откупот за нив сѐ уште е нереален. За утре се најавува средба во Прилеп на министерот за земјоделство и откупните фирми...

Тутунарите од пелагониско денеска на шестчасовна блокада на Плетвар. Ги продолжуваат протестите и не отстапуваат од барањата. Сметаат дека мора да добијат писмени гаранции за реален откуп на тутунот, флексиблина линија, за одбитоците да бидат до 5 насто.
Потврда на договореното во петокот со откупувачите. Тоа, велат, ќе го реши нивниот проблем. За утре ја најавуваат средбата на министерот Хоџа во Прилеп со откупните фирми.
Во меѓувреме, откупот тече, а за тутунарите сѐ уште нереален.
Утрешната средба во Прилеп на министерот Хоџа со откупните фирми ја потврдуваат и од Сојузот на земјоделските здруженија. Тутунарите остануваат на протести.
Елизабета Митреска
