Спасовски најави засилени контроли за празниците, издавањето викендици е кривично дело
За новогодишните празници нема да има толеранција ниту за групите што ќе одат на продолжен викенд, ниту за оние што ги издаваат викендиците, најави министерот за внатрешни работи. Полицијата ќе почне со засилени контроли веќе од наредната недела, а ќе се интензивираат особено за време на празниците и за новогодишната ноќ, истакна Спасовски...

Нема да има толеранција за групите викендаши, ниту за оние кои ги издаваат викендиците, најави ресорниот министер Споасовски при отчетот за сработеното во првите 100 дена влада. Полицијата ќе има тешка задача, поради оваа непопуларна мерка, но здравјето и животите се број еден приоритет за нас, додаде Спасовски. Полицијата ќе почне со засилени контроли веќе од следната недела, а особено за време на празниците и новогодишната ноќ.
Ова нема да важи за семејствата, за сите други ќе има кривични пријави бидејќи загрозувањето на јавното здравје е кривично дело. Тој додаде дека во првите 100 дена поднесени се над 250 кривични пријави за групирање. Секојдневно имаме затворање ресторани, растурање семејни веселби и свадби. Сето тоа се процесуира до јавното обвинителство. Значајни резултати се постигнати и во борбата против криминалот, недозволената трговија со дрога, со организираните криминални групи, недозволената трговија со оружје, спречување на илегалната миграција и сузбивањето на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, како и во областа на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Истрагата за полициската акција во Арачиново, во која беше запленето поголема количина марихуана, е во тек, рече Спасовски.
Тој истакна дека за реформите во безбедносниот сектор, добиле признание и од меѓународни партнери. До крајот на годината, вети Спасовски, ќе се случи промоција на пет пловни објекти на МВР, исплата на ветената бонус плата за вработените со оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2017 година, намалување на бројот на прекршоци во сообраќајот и ќе се распише оглас за прием на нови полициски службеници.
Фиљана Кока
