Чешка и Словачка не се согласуваат со заклучоците за проширувањето на ЕУ
Предложените заклучоци околу проширувањето на Европската унија за Прага и Братислава се неприфатливи. На средбата Сијарто- Османи во Будимпешта, Унгарија со принципиелна поддршка за старт на преговорите на земјава со Брисел, без никакво одлагање...

Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците за процесот на проширување, се спротивставија на реченицата за погрешното толкување на историјата на иницијатива на Бугарија. Земјите не ставија министерски потпис во Брисел, инсистираа на отфрлување на делот од нацрт- текстот со кој според нив се нарушува кредибилитетот на Европската унија кон земјите- кандидати и кон проширувањето, што може да предизивика проблеми и внатре во Унијата. По овој нивен став ваквите заклучоци не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја членка.
Се случува злоупотреба на позицијата земја- членка и се прави притисок, истакна во Бундестагот претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбум. На неговото прашање дали има шанси за брзо надминување на бугарската блокада, канцеларката Ангела Меркел откри дека веќе разговара со буграскиот премиер Борисов и се надева на разрешување на прблемот.
„Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“, рече германската канцеларка.
Неодредувањето на датум предизвика длабоко разочарување во земјава, а фактот што 26 земји- членки ја потврдија подготвеноста е признание за реформскиот напредок и позититвен пристап кон добрососедските односи – по средбатасо унгарскиот колега Сијарто во Будимпешта, оцени македонскиот министер за надворешни работи Османи, кој во разговорите доби поддршка за старт на преговорите без одложување.
Освен за македонските евроаталантски интеграции, двајцата министри разговарале и за меѓусебната соработка и развојот на билатералните осдноси, а особено економските.
Марија Котовска
