Ковид-19: Низ болниците во земјава хоспитализирани 1.275 пациенти

17.12.2020 15:23

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.