По 30 илјади денари еднократна парична помош за 7.600 здравствени работници кои работат со ковид пациенти

17.12.2020 15:42

Лекари, медицински сестри, болничари – 7.600 здравствени работници и помошно – технички персонал, вклучен во лекувањето на ковид позитивни пациенти ќе добијат еднократна парична помош од 30 илајди денари. Парите на сметките ќе ги имаат за новогодишните празници...

Лекари, медицински сестри, болничари – 7.600 здравствени работници и помошно – технички персонал, вклучен во лекувањето на ковид позитивни пациенти ќе добијат еднократна парична помош од 30 илајди денари. Парите на сметките ќе ги имаат за новогодишните празници – вели министерот за здравство Филипче.

При посетата на штипската болница, Филипче вели дека лекарската комора го изготвила извештајот за смртта на Беровчаната која пред околу еден месец почина во оваа здравствена установа како последица на коронавирусот. Семејството тврдеше дека не добила соодветна медицинска нега, но министерот не откри детали дали имало пропусти во лекувањето..

Во тек е изградбата на модуларната болница во Штип, со капацитет за 42 лица. Првите пациенти ќе можат да се згрижат идниот месец. Според здравените власти, ќе има најсовремена дијагностичка опрема. Штипската болница сега има капацитет за лекување на 70 ковид позитивни пациенти – преадаптирани се повеќе одделенија.

Модуларната болница во Штип ќе овозможи да почне реконструкцијата на сегашното Инфективно одделение, кое беше стопирано заради пандемијата.

Славица Величковска