Франција

Макрон позитивен, во изолација целиот државен врв

17.12.2020 16:38

Согласно националните прописи, тој ќе биде во седумдневна изолација и ќе ги извршува своите должности од далечина.

Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19. Бил тестиран по појавата на првите симптоми- соопштија од неговиот кабинет.

Согласно националните прописи, тој ќе биде во седумдневна изолација и ќе ги извршува своите должности од далечина.

Поради контакти со претседателот во изолација одат и премиерот Жан Кастес, како и претседателот на Националното собрание Ришард Феран.