Италијанско „О Соле Мио“ за првиот институционален чекор на битолскиот камерен оркестар
Долгогодишната традиција, која од објективни и субјективни причини, ја следеа многу прекини, сега станува дел од проектот од национален интерес. Битола тоа одамна го заслужуваше, велат граѓаните...

Со италијанското „О Соле Мио“ и под диригенската палка на маестро Борис Спасов од, „Софискиот Национален Балет“ од вечерва битолскиот камерен оркестар го започнува институционалниот развој.
Долгогодишната традиција, која од објективни и субјективни причини, ја следеа многу прекини, сега станува дел од проектот од национален интерес. Битола тоа одамна го заслужуваше, велат граѓаните.
„Секако дека тоа е од посебно значење за Битола, градот кој уште одамна ги носи епитетите град на конзулите, клавирите, градот познат по својата опеаност. Битола заслужува да има една ваква институција“, вели Драги Белевски.
„Тоа ке биде еден голем плус не само за градот, туку поширокиот рагион“, вели Пеце Петровски.
Од министерството за култура до крајот на годината ќе бидат подржани уште неколку концерти. Од единствениот камерен оркестар од внатрешноста ќе биде под капата на „Центарот за Култура“ сметат дека имаат потенцијал да одговорат на задачата и оваа новина да даде доплонителен имплус на градот кој 365 денови живее со и за културните случувања.
„Од стручен аспект сме подготвени. 90 посто од кадарот е со висока стручна спрема, но и оние десет насто студенти веке се докажани и оформени како музичари. Квалитетот ќе биди на високо ниво“, рече кординаторот на камерниот оркестар Никола Трајановски.
„Музичко сценската дејност ќе понуди многу новини. Во тековнава и идните години тоа најдобро ќе го почуствува публиката, посебно битолската, која е задоена со културно уметничките збиднувања и има префинет вкус“, рече директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски.
Крајната цел е подигање на културата за овој правец на музиката. Според првиот чекор се чини дека патот е добро трасиран.
Со изведбата на познатите италијански канцонети, камерниот оркестар отвара нова страница во битолското културно уметничко живеење.
Стевче Митревски
