Европска унија

Лајен: Има напредок, но и разлики во разговорите со Велика Британија

18.12.2020 10:22

Со премиерот Џонсон телефонски разговарале за актуелната состојба во преговорите за односите меѓу Брисел и Лондон по 31 декември.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, нагласи дека е постигнат напредок во разговорите со Велика Британија и дека преговорите продолжуваат и денеска.

Со премиерот Џонсон телефонски разговарале за актуелната состојба во преговорите за односите меѓу Брисел и Лондон по 31 декември.

Лајен наведе дека сѐ уште треба да се надминат големи разлики, особено во областа на рибарството.