Ковид-19
Европските лидери се изолираа поради Макрон
18.12.2020 10:50
Во карантин ќе бидат премиерот Жан Кастекс, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и шпанскиот премиер Педро Санчез.

Неколку лидери на ЕУ се изолираа откако беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус.
Во карантин ќе бидат премиерот Жан Кастекс, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и шпанскиот премиер Педро Санчез.
На крајот на минатата недела, Макрон учествуваше на Самитот на ЕУ во Брисел. Во карантин нема да биде претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
