Трет ден собраниска дебата за дополнетиот предлог- буџет за 2021
Во дополнетиот предлог, што е пред пратениците, се содржани 18 амандмани прифатени во расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2021 година. Ова е трет ден. Расправата на пленарна седница трае најмногу пет работни дена, по што се гласа по предлогот.
Во дополнетиот предлог, што е пред пратениците, се содржани 18 амандмани прифатени во расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, дополнетиот предлог- буџет е реален и во него се алоцирани средства онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.
Пратениците од власта сметаат дека буџетот е коректно поставен и треба да обезбеди ревитализација на економијата и враќање на патеката на економски раст, но доколку пандемијата продолжи, тогаш, според нив, бројките ќе мора да се ревидираат.
За опозицијата, овој предлог- буџет нема да ги даде очекуваните резултати. Нема да донесе подобро здравство, пофункционално образование, изградба на патишта и железници и реализација на проекти со кои ќе се поттикне економскиот раст. Според опозицијата, ќе продолжат и задолжувањата и непродуктивните трошоци.
