Пазарниот инспекторат затворил четири објекти во Скопје

18.12.2020 15:27

Државниот пазарен инспекторат синоќа затворил четири објекти поради непочитување на протоколите за Ковид-19. Три од нив се угостителски, едно е јога-студио. Првиот човек на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски рече дека при контролите дел од гостите ги пречекале инспекторите со навреди. Најави дека инспекциите ќе се засилат и во претстојниот период на празници...

Државниот пазарен инспекторат во главниот град затворил четири објекти. Угостителите во три објекти биле фатени како работат и по дозволеното работно време. Во јога студио имало повеќе присутни од дозволеното. На едно место кон инспекторите биле упатени и навреди.

Изминатите 10 дена седумте инспекторати извршиле 6.944 надзори и контроли. Казнети не почитувачите на законите, мерките и протоколите.За престојните празници инспекторатите најавија засилени контроли.

Дежурни екипи заедно со полицијата ќе има во сите градови, во туристичките места и викендици. Апел да се прославува одговорно.

Во тек се 11 инспекциски надзори – три затворени, немало елементи за иницирање вонреден стручен надзор.

Директорката на државниот санитарен и здртавствен инспекторат тврди дека ниеден инициран стручен надзор нема да остане неодговорен.

 

Наташа Гркова- Петрушевска