Независната угостителска комора со иницијатива до Уставниот суд
Стапуваат во сила новите рестриктивни мерки кои ќе важат до 21-ви јануари. Угостителските објекти ќе работат до 18 часот. Сопствениците поднесоа иницијатива до уставниот суд за преиспитување на одлуката за скратување на работното време. Министерот Бектеши бара мерките да се почитуваат и најави нова помош...

Независната угостителска комора поднесе иницијатива пред Уставниот суд за да ја оспори мерката на Владата да забрани да се организираат новогодишни прослави во рестораните и кафулињата. Од таму велат дека ќе ги почитуваат владините мерки, но бараат да бидат обесштетени. Претседателот на Независната угостителска комора, Јосифовски реагира на селективното ограничување на работното време. Загубите на 6.500 угостителски објекти ги проценуваат на над 20 милиони евра.
Ресорниот министер Бектеши вели дека за угостителите дополнителна помош ќе има во првиот квартал од идната година. Во моментов не се размислува за друго решение .
Годинава се забранува организирање на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и на затворен простор.
Првите 100 дена од работата на Министерството за економија било справувањето со негативните ефекти врз стопанството. Од ресорот велат дека финансиска поддршка имало за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности, за занаетчиите и за конкурентност на компаниите.
Дијана Ценевска
