Забрана за летови до и од Британија поради мутацијата на вирусот
Над 77 милиони заразени на глобално ниво…

Вонредни состаноци во Брисел и во Лондон поради мутираниот вид на Ковид-19 кој станува доминантна варијанта во Англија. Откако беа откриени вакви случаи и во неколку други европски земји, дел од нив ги прекинаа воздушните линии со Обединетото Кралство.
Франција го блокираше и копнениот сообраќај со британскиот остров кој се одвива во тунелот под Ла Манш.
„Мутираниот ковид-19 се пренесува 70% побрзо од првичната, но не е посмртоносен од првичниот вид“, тврдат здравствените власти.
Од европските регулатори се очекува препорака за дозвола за користење на вакцината на „Фајзер“ во сите 27 земји-членки.
Во тој случај, по официјалното одобрување од Европската комсиија в среда, дистрибуцијата на производот би можела да почне упте наредниов викенд.
