Забрана за летови од Велика Британија, 14-дневна самоизолација за оние кои пристигнуваат од таа држава

21.12.2020 11:10

Министерството за здравство соопшти дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно за забрана за летови од и кон Велика Британија до крајот на годинава...

Министерството за здравство соопшти дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно за забрана за летови од и кон Велика Британија до крајот на годинава.

Дополнително за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Обединетото Кралство, како и за оние патниците кои од таа држава ќе стигнат во земјава по копнен пат, ќе важи мерката задолжителна 14-дневна самоизолација.

Комисијата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои превентивно на утринскиот состанок, по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Обединетото Кралство и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.