Контролирани 18 пазари, на Бит Пазар пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиротехника
Извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар.

На 20.12.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства.
Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар.
Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.
