Тимот на Бајден размислува за санкции за Русија поради хакерскиот напад
Според извор на „Ројтерс“, во игра се финансиски санкции или кибернетички напади врз руската инфраструктура.

Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден разгледува опции за казнување на Русија поради наводната вмешаност во хакирањето на американските владини агенции и компании.
Според извор на „Ројтерс“, во игра се финансиски санкции или кибернетички напади врз руската инфраструктура.
Анонимното лице додало дека целта била да ги сфатат економските, технолошките и финансиските последици од хакирањето.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека зад кибернетичкиот напад стои Русија. Претседателот Доналд Трамп го минимизираше значењето на овој инцидент, како и евентуалната вмешаност на Москва.
Кремљ категорично ги отфрли тврдењата и ги обвини САД за зачестени хакерски напади врз руските институции.
