Честитка од Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

21.12.2020 14:07

По повод одбележувањето на 21 декември- Денот на наставата на турски јазик, претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на турската заедница во земјава.

По повод одбележувањето на 21 декември- Денот на наставата на турски јазик, претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на турската заедница во земјава.

„Турската етничка заедница е неизоставен дел од нашата мултиетничка и мултикултурна држава, и секој нејзин припадник придонесува во градењето на демократска, просперитетна и развиена Република Северна Македонија, а вие, претставувате своевиден мост за соработка со пријателска Република Турција, која е наш искрен и посветен поддржувач“- се вели во честитката на шефот на државата.