Последни подготовки за новата претстава на Битолскиот театар
Битолскиот народен театар во последни подготовки на почетокот од идната неделата да ја постави првата премиера за годинава „И коњите ги убиваат, зар не?“, рботена спотед романот на Хорас МекКој, а во режија на Мартин Кочовски. За прв пат од постоењето на театарот не е исполнета предвидената програма. Плановите и за догодина се амбициозни, но сѐ зависи од пандемијата...

Наместо финиш на амбициозниот план, трка со времето и натчовечки напори на почетокот од идната недела на сцената да се постави првата годинешна премиера „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски, а работена според романот на Хорас МекКој.
Претставата го обработува проблемот со депресијата која во денешно време добива едни поголеми димензии, добива актуелност стравот на човекот и потребата за помош од другиот. Раководството на куќата го финализира и начинот на кој ќе биде достапна за публиката.
Во претставата која беше подготвена уште на 17-ти март, а поради пандемијата одложена, ќе настапи поголем дел од актерската екипа. Режисерот Кочовски вели дека пандемијата длабоко удри по творечкиот опус, но од друга страна пак докажа и што значи отсуството на културата од секојдневието.
Токму од моќта на пандемијата ќе зависи колку ќе биде богат културниот живот и во новата година. Раководството најавува програма најмалку со четири премиери, а во планот место ќе најдат и дел од оние кои годинава не можеше да бидат поставени на сцената.
Стевче Митревски
