Околу 13.000 лица од југоистокот остале без работа поради ковид- кризата
На југоистокот како последица на ковид- кризата без работа останале околу 13.000 лица. Најпогодена е Гевгелија...

Околу 13.000 лица од југоистокот се евидентирани преку центрите за вработување. Во март оваа година оваа бројка била за околу пет илјади помала на невработени, кога и официјално и започна здравствената криза со Ковид- 19, која се рефлектираше во реалниот сектор, во делот на економијата.
Струмичките компании кои се лидери во производството во југоистокот, останаа со околу три илјади работници. Некои поради немоќта да се справат со последиците кои ги наметна кризата, други пак, поради делумно или целосна затворање на бизнисите. Стопанствениците со доза на оптимизам.
Струмица, иако е најголема општина во југосистокот, сепак лидер по навработеност е Општина Гевгелија, која пред кризата беше лидер во земјава со најмала стапка на невработеност. И таму дома останаа речиси три илјади работоспособни лица, кои сѐ уште се водат како невработени. Статистиката вели дека без работа останале околу 900 радовишани и речиси 500 валандовчани.
Стојне Митева
