Откупот на тутун продолжи, остануваат проблемите
Договорот потпишан, на теренот стари проблеми. Вака го оценуваат тутунарите и нивните зурженија текот на откупот на тутунот денска, по потпишувањето на договорот во петокот со откупувачите и министерот за земјоделство за реален откуп и цена според квалитетот...

Откупот на тутунот продолжи, повеќето проблеми остануваат, констатираа тутунопроизводителите по првиот ден на преземањето на родот, откако во петокот беше потпишан договор со откупувачите, со посредство на министерството за земјоделство за реална процена на тутунот според квалитетот. Бараат коопераните да оспоруваат нереаелн откуп на вагите.
Доколку има нереален откуп од утре незадовоството ќе биде на пунктовите.
Од 10-те откупувачи, во земјава купуваат осум на 190-ина пункта со преку 200 ваги. Министерството за земјоделство се обврза секојдневно да ги објавува откупените количества и просечната цена. За в четврток се најавува средба со премиерот.
Елизабета Митреска
